НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид продолжува да го збогатува својот книжен фонд со нови наслови кои се вбројуваат меѓу најчитаните и најпродаваните во светот во последниот период .
„Во потрага по мртвата принцеза“ од Кензе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk
Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.
OhridNews