И оваа недела нови пет наслови кои уште од денеска можете да ги побаратена пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Се работи за пет наслови во издание на Сакам книги и Книгохоличари.

„Знаеш ли да чуваш тајни“ од Софи Кинсела, „Слаткоречив туѓинец“ од Лиса Клејпас и „Еден на еден“ од Крис Картер. Не помалку интересни се и следниве два наслови „Шепни ми нешто“ од Кери Ен Кинг и „Девојчето што го оставија зад себе“ од Росана Велецос, информираат од Библиотеката.

Од понеделникот охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот. Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, додаваат во соопштението.

Потенцираат дека Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

OhridNews