НУ Библиотека „Григор Прличев“ промовира осум нови наслови од областа на белетристиката кои уште од денеска се достапни за читателите.
Се работи за следните книги: „Некој близок“ од Кара Хантер, „Проблемот со бившите“ од Лорен Лејн, „Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Се случи една есен“ од Лиса Клејпас и „Шепкачот“ од Алекс Норт сите во издание на Сакам книги.
Во новата понуда се и две изданија на Матица македонска, „ И боговите имаат Интернет“ од С.В. Мучкајева и „Златниот час“ од Јона Греј. По неодамнешната промоција во организација на Библиотеката првите читатели ги чека и мошне возбудливиот современ македонски роман „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова во издание на Академски печат, информираат од НУ Библиотека Григор Прличев.
Годишната членарина во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
Работното време на пултот за издавање е од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
ОhridNews