Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид речиси секојдневно стигнуваат нови книги од разни области. Колегите ги обработуваат и континуирано ги ставаат на листата на достапни книги во библиотеката.
Од денеска кај нас ќе можете да ги позјамите за читање следните наслови: „Мадам Кири“ од Ева Кири, „Жената од кабината бр. 10“ од Рут Веар, „Кога мажот ја сака жената “ од Клод Стајнер, „Маријана“ од Сузан Kрисли , „Трагајќи по неа“ од Лиса Гарднер, „Во окото на лифтовите“ Линвуд Баркли, „Игра на лагите“ од Рут Веар и „Ерагон“ од Кристофер Паолини. Toa се наслови од најновата продукција на издавачките куќи: Намапрес, Топер, Сакам книги, Магор и Матица Македонска – информираат од Градската библиотека.
Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
OhridNews