Преку Јавна набавка а со средства од Министерството за култура Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи, информираат од Библиотеката.

Интенција е на библиотеката со уште еден или два дополнителни повици во текот на оваа 2022 година да го збогати фондот со нови, актуелни книги и наслови од домашната и странска продукција во одделите за деца и возрасни, додаваат.

Првите пет книги кои се веќе на полиците за издавање се следниве „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре и „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин и „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли трите во издание на Матица македонска. На штандовите за издавање може да се побараат  и книгите „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „Што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен обете во издание на Книгохоличари.

Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и30 до 16 часот.

OhridNews