Нов наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Љубителите на пишаниот збор можат да ги најдат романите „Чиракот“ од Тес Геритсен, „Сите стравови на светот“ од Алкес Финлеј, „Криптолог“ од Изабела Малдонадо, „Мостот на Клej“ од Маркус Зусак и „Гробот на планината“ од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт.

Романите се во издание на Матица и Сакам книги. Годишната членарина во библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Работното време на пултот за зајмување книги од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

OhridNews