НУ Библиотека „Григор Прличев“ го збогатува книжниот фонд со пет нови наслови на книги кои од денеска се достапни за читателите.

Од денеска во библиотечниот фонд се вбројува книгата „Во војната и љубовта“ од македонската актуелна авторка Верица Митева во издание на „Паблишер“. Од издавачката куќа „Сакам книги“ достапни се  „Можеби овој Божиќ“ и „Летото смени се’“ од Сара Морган.

Од библиотеката ги препорачуваат и втората и третата книга од серијалот „Роберт Хантер“ – „Џелатот“ и „Демнач во ноќта“  од авторот Крис Картер.

Библиотеката за работа со читатели е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

 

OhridNews