Шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција во библиотеката.

На пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да се побараат книгите „Куклата на Ана“ од Наде Стоиљковиќ во издание на Сакам книги, „Теорија за кучешката година“ од Милован Стефановски – Матица македонска,  „Вишнов ликер“од Влада Урошевиќ издание на Магор.

Достапни за сите сегашни и идни членови на библиотеката се и следните бестселери: „Мали тајни“ од Џенифер Хилиер и „Мртва ладна“ од Луиз Пени обете во издание на Антолог и „Херој“ од Саманта Јанг од издавачот Сакам книги.

Годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за возрасни чини 300 а за деца 200 денари, а библиотеката со читатели работи од понеделник до петок во времето од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

OhridNews