Неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е микс од автори од домашната и светската книжевна продукција.

Тука се двете збирки со раскази од Лилјана Пандева „Заорани“ и второто издание на „Два Божика“, стихозбирката „Почетни координати“ од хрватската поетеса Моника Херцог.
Новитет во Библиотеката е  и книгата составена од критики и рецензии за книги „ 2 Минути и 40 реда“ од Александра Јуруковска. Насловот  ја носи реалната симболика на малиот простор кој  и се отстапува  на културата во медиумите.  Книгите се во издание на ПНВ публикации од Скопје.
На пултот за зајмување од денеска читателите може да ги побараат и книгите во издание на Матица македонска: „Крв и убавина“ од Сара Дунант, „Последното патување на Валентина“ од Санта Монтефјоре и „Современо семејство“ со поднаслов: „Прирачник за преживување“ од клиничкиот психолог Најџел Лата.

 

OhridNews