Новиот дизајн за погонските единици за 2021 година привлече неколку производители да размилуваат за влез во натпреварите на Формула 1.

И покрај тоа што Мерцедес, Ферари и Рено се противеа на новиот предлог за конструкција на моторите сепак на неколку произведувачи ги привлекуваат ваквите мотори. Според “BBC“ Илмор и Косворт пројавиле интерес да се вратат во овај спорт. 

– Новиот проект за моторите во формула 1 дава надеж и за независните произведувачи да можат да се вратат во во овој спорт. Веќе сериозно размислуваме за тоа. – истакна Брус Вуд, првиот човек на Косворт.

Генералниот спонзор на Ред Бул во следната сезона, Астон Мартин, не крие дека веќе почнаа да работат на новиот проект, а “Ауто Билд“ пренесува дека и Порше го ставил истиот проект во својата агенда.

OhridNews