По консултациите со началниците на управните служби во Секторите за внатрешни работи, и раководителите на Секторот за информатика и Центарот за персонализација на личните податоци, МВР предложи рокот за важноста на старите лични карти да биде пролонгиран до истекот на рокот за замена на старите патни исправи. Доколку предложените измени во Законот за лични карти бидат прифатени, тоа ќе значи дека нивната важност би истекла во 2012 година, освен во случаи на претходно истекување на рокот, кој е заведен во личната карта. За граѓаните чии лични карти ќе истечат во меѓувреме, а истите не успеале навреме да аплицираат, МВР ќе се обиде да им излезе во пресрет преку закажување на посебни термини, соопшти МВР.
Освен врз оцените во иницијативата на Народниот Правобранител, МВР своето мислење го базираше и врз согледувањата на новонастанатата состојба со грипот А-Х1Н1, барањата на повеќе институции и организации, како и зголемиот интерес за аплицирање за нов биометриски пасош по донесувањето на одлуката за укинување на визниот режим од 19-ти декември, велат од МВР.
Оттаму информитраат дека на лицата над 80 години ќе им биде овозможено да аплицираат во мобилните станици без да треба да лично да доаѓаат во управните служби. Оваа можност која досега ја имаа само болните и хендикепирани лица.