Од МВР информираат дека СВР Охрид поднел кривична пријава против 50-годишна сружанка, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против 59-годишна охриѓанка, помошник директор за економски работи и против поранешниот директор на болницата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека шефот на отсекот за комерција и јавни набавки, изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени.

OhridNews