Секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунален развој започна со изработка на  Програма за поставување времени објекти на јавните површини во градот.

Целта на донесувањето на програмата е да се подобри изгледот на централното градско подрачје каде секоја сезона на диво се поставуваат времени објекти, што остава лош впечаток кај гостите, велат од локалната самоуправа.

Согласно предвидената програма сите заинтересирани субјекти, од подрачјето на Општина Охрид благовремено треба да поднесат барање до Секторот за урбанизам за поставување времен објект, по кое ќе се одлучува согласно новите критериуми кои се во фаза на изготвување.

Ohridnews