Велгошти наскоро ќе добие нови коловози и канализација на која селото чека со децении. Овие мошне значајни комунални и инфраструктурни зафати се во тек, а уверување дека тие наскоро ќе бидат целосно реализирани изрази градоначалникот Александар Петрески кој деновиве оствари средба со велгоштани.

Покрај асфалтирањето на коловозите кои гравитираат кон главната сообраќајница што води до оваа приградска населба, во тек е и изградбата на канализациона мрежа во должина од 12 километри. За оваа намена ќе бидат потрошени околу 1,5 милиони евра и со приклучувањето на мрежата кон колекторскиот систем ќе биде решен еден од основните проблеми на месното население.

Канализациона мрежа и систем за водоснабдување општината гради и во Лескоец. И таму канализационата мрежа ќе се гради во должина од 12 километри, а преку милон евра ќе бидат вложени во квалитетно водоснабдување – по неодамнешната Одлука на Советот на општината за припојување на селскиот водовод кон „Проаква“.

ohridnews
фото: Општина Охрид