Неделната понуда и жанровски и стилски е богата. Од денеска во Библиотеката „Григор Прличев“ Охрид шест нови наслови на пултот за издавање.

„Да те најдам прв“ од Линдвуд Баркли, издавач е Матица македонска, романот „ Времето на Перонов“ од Санта Аргирова во издание на Култура, како и книгата за деца и млади„Магла“ од Марта Палацези во издание на Сказнувалка.

Од издавачот Македоника Литера ја препорачуваат книгата „Павел душо моја“ од Алексеј Вармалов, книгата „Едно во друго“ од Моник Швитер во издание на Блесок и мотивирачката книга „Надмини се себеси“ од Ален Џејмс во издание на Ѓурѓа.

Потсетуваме дека годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари. Библиотеката „Григор Прличев“ за читателите е отворена секој работен ден од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот, велат од Библиотеката.

OhridNews