Надополнета едукативната патека „Галичица на дланка“ со нови информативни табли со едукативни содржини за запознавање на посетителите со природните и културните вредности во Националниот паркот „Галичица“.

Патеката, претходно, ја добива својата едукативна компонента преку поставување 11 информативни табли, за запознавање на посетителите со локалната флора, фауна, геологија, екологија, култура и историја. Во склоп на патеката е и училницата на отворено која е од дрвна конструкција и со седечки капацитет за околу 30 ученици (посетители).

Инаку, патеката се наоѓа во непосредна близина на Инфо-центарот на НПГ. Почетната точка на едукативната патека воедно го претставува и еден од влезовите во НПГ (Велестовски пат), продолжува до базиликата „Студенчишта“ и завршува со училницата на отворено. Вкупната должина на патеката е околу 400 м.

OhridNews