Еко свест започна со поставување на нови инфо табли во Вевчански извори-Споменик на природата. Како што информираат овие инфо табли се поставуваат со цел подобрување на инфраструктурата во заштитеното подрачје, зголемување на информираноста на посетителите за значењето и убавините на З.П Вевчански извори, како и степените на заштита и дозволените и забранети активности според зоните на заштита.
Покрај мапата со зони на заштита и туристичката мапа, се поставуваат и инфо табли за флора и фауна, водните и шумските богатства со кои располага ова подрачје. Во престојниот период покрај поставувањето на нови, ќе бидат реконструирани и постоечките инфо табли и патокази, додаваат од Еко свест.
Активноста е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” спроведуван од локалната канцеларија на Еко свест во Вевчани, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
OhridNews