Сериозната повреда на десното крило, Гоце Георгиевски ги зголеми главоболките на искусниот хрватски стртег Лино Червар на клупата од Металург.


Македонскиот репрезентативец повредата на раката ја заработи на дуелот со Пелистер, кој “металурзите“ го добија со лесни 34-20 и предвреме ја заврши одличната сезона за ракометниот гигант.

Червар во решавачкиот дуел со Вардар ПРО во последната рунда од македонскиот ракометен шампионат остана без крилата кои се прв избор, Манасков и Георгиевски, а победата е неопходна за титулата и пласманот во Лигата на Шампиони.

Нивни замени се Коражија и Златко Мојсоски, но тие се далеку од квалитетите кои ги поседуваат македонските репрезентативци.

Мх.П.