Четириесет години по смртта на Ернесто Че Гевара во боливиските шуми, во Ла Паз се претставени три документи кои му припаѓале. Документите биле закопани во боливиската централна банка, а содржеле фотографии и дневник на Че Гевара.


Во него се забележани настојувањата на најголемата револуционерна икона да ги прошири комунистичките делувања во Боливија. За жал, неговиот утописки поглед на светот пропаднал веднаш во старт и на „неговата“ Куба. Со почетокот на револуцијата почнале да се отвараат логори и да се прогонуваат многумина кои не се сложувале со Кастро.

Последната Че-ова акција завршена е кога го убила боливиската војска потпомогната од ЦИА во 1967 година. За многумина наследството на Че е ставено под прашање. Но, иконата на аргентинскиот герилец живее појако од секогаш.