Популарната американска серија „Сексот и градот“ наводно повторно ќе се врати на телевизија, пренеле медиумите. Актерката Сара Џесика Паркер, која го играше ликот на Кери Бредшо во серијата од 1998 до 2004 година, се противела на снимањето на уште еден филм на „Сексот и градот“, откако вториот дел од филмот наишол на слаба реакција кај публиката.
Сепак, последниот збор ќе го има Дарен Стар, човекот која ја креирал серијата, но сите се сложиле дека телевизиска серија е правецот кон кој треба да се движи оваа франшиза. Неименуван извор рекол дека третото продолжение на филмот „Сексот и градот“, во кој четири нови млади актерки би го доловиле животот во младоста на Кери, Миранда, Шарлот и Саманта, ќе мора да почека.