Шпанскиот стратег на Вардар, Раул Гонзалес Гутирез се соочи со нови две откажувања во пресрет на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.
Првично „црвено црните“ останаа без левото крило Тимур Дибиров, а сега без дефанзивецот Илија Абутовиќ и десното крило Матјаж Брумен.
Стручниот штаб на Вардар не сака да ризикува со тројцата ракометари кои му се неопходни на тимот за престојните четвртфинални натпревари со Киелце во Лигата на Шампиони.
Вардар во полуфиналето в петок ќе се сретне со Брест Мешков додека победникот од овој дуел ќе игра во финалето ќе игра со подобриот од Веспрем – Татран Прешов.
Ohridnews