СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (31) и С.Р. (28) двајцата од Охрид за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, а вториот е пријавен и за „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 19.02.2010 година, С.Р. од Г.А. купил купил наркотична дрога „хероин“ за износ од 500 денари по што во Охрид во влез од зграда им овозможил уште на две лица дрогата да ја користат. Откако лицата се забележани од страна на полицијата се дале во бегство, а на местото на настанот е  пронајден 0,5 мл раствор од хероин, соопшти МВР.

OhridNews