Питвотменот Мијајло Марсениќ и левиот бек Вук Борозан се новите двајца ракометари кои се збогуваа со македонскиот ракометен првак Металург.
Двајцата ракометари се одлучиле на таков чекор по неуспешните преговори со раководството на клубот пренесува „Екипа.мк“.
Овие двајца заедно со уште неколкуте млади соиграчи требаше да бидат темелот на новата генерација на Металург, која на големо се најавуваше.
По стапките на Борозан и Марсениќ се поизвесно е дека ќе тргнат Павел Атман и Лука Циндриќ, а веќе заминати од Металург се Владан Липовина и Мирослав Коциќ.
Единствен, кој со сигурност останува во составот на Металург од странските ракометери е десното крило Дарко Ѓукиќ.
Мх.П.