Ракометарите на Охрид, утре и задутре ќе одиграат два нови контролни натпревари во подготвителниот период за сезоната која следува во македонскиот ракометен шампионат.
„Гладијаторите“ утре силите ќе ги одмерат со тимот на Аеродром од Скопје, додека задутре ќе се сретнат со вториот тим на Еурофарм Пелистер 2. Двата мечеви се играат во Охрид.
Охридскиот стратег Раде Стојановиќ за утрешниот контролен натпревар најави настап на младинците, а в среда Охрид ќе игра со најдобриот состав.
До сега, охриѓани одиграа пет тест средби. Четири од нив беа на турнирот во Струга, а последната беше со Тиквеш во СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews