Охридскиот АМАК СП со планирани два бода се враќа во Охрид, стигнувајќи до третата победа во втората фаза, втора во серија. Охриѓани на гостувањето во Скопје, не дозволија изненадување совладувајќи го последно пласираниот тим на Соколи со 89-72.

На останатиот натпревар кој се играше синоќа во Квадарци лидерот Фени Инд. му го нанесе третиот пораз во меѓусебните пресметки на Ф.Работнички со 61-52. За најтрофејниот македонски клуб ова беше петти пораз во серија.

Поради суспензијата на салата “Младост“ во Битола, денес Битолчани како домаќини шампионот Струмица ќе го пречекаат во Прилеп. Во Скопје Вардар О ќе игра против МЗТ Фон.