Нови дијагностички тестови во Центар за јавно здравје Охрид на молекуларно ниво со RT-PCR технологија.
Oдделението за микробиологија се опреми со најнова апаратура и целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК,PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.
Со воведување на молекуларна дијагностика ЦЈЗ Охрид овозможува на корисниците да добијат брзи и точни резултатите за анализите скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација, на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје, како и докажување присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници или со редовни прегледи, информираат од Центарот.
OhridNews