Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,09%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,00ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 70,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета и изнесува 62,00ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 51,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе биде 33,344ден/кг.

OhridNews