Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, горивата ќе се продаваат по нови цени, дизелот поевтинува за три, а бензините за 2,5 денари по литар.
Бензините еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за 2,5 денари, па нивните нови цени ќе бидат 58,5, односно 60,5 денари за еден литар.
Новата цена на еуродизел (Д-Е V) е пониска за три денари и ќе изнесува 55 денари за литар. Исто така, за три денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 43,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,227 денари по килограм во однос на цената утврдена со одлуката од 24 декември минатата година и со тоа актуелната цена ќе биде 25,9 денари по килограм.
OhridNews