Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу регистрирани случаи се во Скопје -325, потоа Тетово со 184 случаи, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7,Делчево и Валандово – по 6,Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар -4,Крива Паланка и Демир Хисар – по 2. Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Пријавени се 14 починати лица и тоа 5 починати лица се од Скопје на возраст од 59г, 74г, 77г, 79г и 84г и пет лица од Тетово на возраст од 61г, 64г, 75г, 76г и 78г, 2 лица се починати од Гостивар на возраст од 57г и 58г и по едно лице од Куманово на 80 годишна возраст и починат е 57 годишен кичевчанец. Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 184 оздравени пациенти.
OhridNews