Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 843 пациенти, а починати 31 лице, тројца во Охрид (65, 78 и 78г).
Од новозаразените 977, од Охрид се 40, од Скопје 503, Куманово-55, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти 1 од Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1197, а активни се 522 случаи.
OhridNews