Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи со КОВИД-19 и 88 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 96 новозаболени од Скопје се 63, Битола 15, Куманово, Кичево и Берово по 3, Тетово и Охрид по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе по 1. Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Од 88 оздравени пациенти од Скопје се 57, Битола 8, Охрид и Ресен по 3, Кичево, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Кочани и Неготино по 2 и Куманово, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а на активни случаи изнесува 543.

OhridNews