Нови 913 случаи на Ковид-19 од направени 3.707 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 16 лица, а оздравени 351 пациент.

Според податоците што вечерва ги објави Министерството за здравство, најголем број од новите случаи повторно се во Скопје – 440, по што следуваат Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11 и Кочани и Крива Паланка по 10. случаи. Едноцифрен е бројот на нови случаи во Ресен – 7, Струга и Свети Николе по 6, Кичево и Демир Капија по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 4, Делчево, Берово и Валандово по 3, Дојран – 2 и Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево по 1 нов случај.

Од починатите, најмладиот е на 40-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. Најмногу од починатите се од Прилеп – седум пациенти на возраст од 63, 66, 70, 74, 75, 82 и 87 години. Од Скопје се починати шест пациенти на возраст од 54, 66, 69, 72, 75 и 83 години. По еден починат пациент има од Гостивар (87), Гевгелија (71) и Крушево (40).

Досега, во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 109.262. Бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.

OhridNews