Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи со КОВИД-19, од кои 21 реинфекција и 156 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 89 нови случаи од Скопје се 48, Битола 18, Берово 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево по 3, Велес 2 и Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница по 1.

Од 156 оздравени пациенти од Скопје 86, Битола 32, Прилеп 11, Охрид и Валандово по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга по 2 и Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.

OhridNews