Изминатите 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 од кои 33 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје-425, по што следат: Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.
Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70 г), тројца од Куманово (70, 97 и 94 г), еден од Прилеп (75 г), двајца од Струга (74 и 69 г), еден пациент од Битола (60 г), двајца од Охрид (65 и 83 г), еден од Гевгелија (67 г), еден од Гостивар (73 г), еден од Кочани (68 г), еден од Пробиштип (46 г), еден од Берово (80 г) и еден пациент од Виница (77 г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти 43 од Охрид.
Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711. Во Охрид од почетокот на епидемијата регистрирани се 2072 случаи, а активни се 576.
OhridNews