Нови 848 КОВИД-случаи од 3506 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 116 се реинфекции. Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие починале 11 лица и дополнително се пријавени 11 со датум на смрт од 10 до 19 февруари, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“. Регистрирани се 1369 оздравени пациенти, а активни има 5775 случаи во државата.
Од новите 848 дијагностицирани, над половината (451) се од Скопје, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен по 10, Дебар – девет, Охрид, Крива Паланка и Валандово имаат по шест нови случаи, Струмица – пет, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод по три, Делчево, Берово и Демир Капија по два и по еден новозаразен имаат Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа починале 11 лица: четири од нив се од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), три починати лица се од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице е од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица: три починати од Скопје, две лица од Штип и по едно починато лице од Битола, Велес, Богданци, Демир Хисар, Крива Паланка и Охрид. Тие се на возраст од 64 до 87 години, а за починати се пријавени во периодот од 10 до 19 февруари 2022. Пет починале во домашни услови, а шест во болница.
Од сите 22 починати лица, кај 21 се регистрирани коморбидитети.
Од 1369-те оздравени пациенти, од Скопје се 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе по 10, Охрид – девет, Гевгелија – осум, Ресен – шест, Крива Паланка и Берово по пет, Радовиш – четири, Пехчево – три, Валандово, Делчево и Демир Капија по двајца оздравени и по еден од Македонски Брод, Кратово и Виница.
OhridNews