Во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 419 оздравени пациенти, а починати 11 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаразените, во Скопје се 44, во Куманово-три, Дебар-два, Штип-пет, Прилеп-шест, Тетово-три, Велес-четири, Битола-пет, Кавадарци-еден, Гостивар-еден, Струмица-два, Крива Паланка-еден, Делчево-еден, Кратово-еден, Ресен-еден, Неготино-три.

Оздравените пациенти се од Скопје-149, 1 од Охрид.

Во моментов во Охрид има 594 активни случаи.

OhridNews