Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2. Во болнички услови починати се тројца пациенти од кои еден од Скопје (48 г.), еден од Струга (78 г.) и еден од Струмица (68 г.).

Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу случаи има во Скопје. Од почетокот на пандемијата во главниот град евидентирани се 8626 случаи, а активни се 1802. Во Струга регистрирани се 720 случаи, а активни се 61, додека во Охрид регистрирани се 463 случаи а, активни се 47.