Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, од кои 8 нови случаи во Охрид со што бројот на дијагностицирани случаи се искачи на 204. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје-53, по што следат Струга-13, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Највисок процент на активни случаи во земјата има во Охрид. Од вкупно 204 регистрирани случаи во моментов во Охрид се активни 175 случаи, или 86 %. Најмногу активни случаи има во Скопје кое е најголемо жариште во земјава – 2007 од вкупно регистрираните 3394 до сега, или во проценти 59%, што е далеку помалку во однос на Охрид. Во Струга во моментов има  167 активни случаи, од вкупно 265 регистрирани случаи на Ковид 19 (63%).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6. Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево на возраст од 50, 56, 62, 64, 65, 70 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

OhridNews