Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје 16 нови случаи, во Тетово – 15, во Куманово – 8, во Гостивар – 7, во Битола – 6, во Кичево – 5, во Дебар – 4, во Струмица – 3, во Прилеп, Штип и Свети Николе регистрирани се по 2 случаи, а во Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово  по едно новозаразено лице.

Регистрирани се две починати лица еден пациент од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти биле на над 60 годишна возраст. Денешната Ковид статистика бележи и 17 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Министерството за здравство информираше дека до сега вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182граѓани. Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 11.946 граѓани од кои прва доза вакцина  примиле 3.109 граѓани.