Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 и 54 оздравени пациенти, а направени се 1.124 тестови.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од вкупниот број позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.
Од новите 72 случаи, во Скопје се 53, Битола 8, Тетово, Охрид и Берово по 2 и Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија по 1. Од оздравените пациенти, пак, 34 се од Скопје, Штип 5, Охрид 4, Битола и Берово по 3 и Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино по 1.
Изминатите 24 часа починати лица не се пријавени, но согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Охрид (82) и Велес (74). Едно лице е починато во домашни, а едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.
OhridNews