Во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, од кои 7 во Охрид и 10 во Струга, информира Министерството за здравство. И натаму најмногу сличаи има во Скопје 57, по кој следат Куманово 4, Штип 13, Тетово 6, Кавадарци 1, Гостивар 8, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 2, Свети Николе 12, Кичево 4.
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.
OhridNews