Во последните 24 часа регистрирани се нови 674 случаи на Ковид 19, оздравени се 403 пациенти, а пријавени се 27 починати лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Направени се 4.618 тестирања, а од новите случаи во Скопје се 253, Тетово 105, Гостивар 44, Куманово 36, Струмица 32, Кичево 26, Прилеп 24, Дебар 19, Битола 18, Штип 16, Свети Николе 14, Струга 13, Велес, Кавадарци и Охрид по 12, Ресен 7, Кочани, Гевгелија и Кратово по 5, Виница 4, Неготино 3, Берово и Пехчево по 2, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод по 1.

Регистрирани сe 403 оздравени пациенти.

Пријавени се 27 починати лица. Седум починати лица се од Тетово ( 49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 починати лица од Гостивар ( 37г, 65г, 71г,72г,74г и 76г), 5 починати лица од Скопје ( 49г, 60г, 68г, 78г и 87г),по 2 починати лица од Дебар (49г и 61г), Свети Николе (58г и 73г) и Струга (36г и 77г), и по едно починато лице од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г) . Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360, oд кои во Орид 420, а во Струга 517.

OhridNews