Во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19, од кои 6 во Охрид. Најмногу случаи денеска се евидентирави во Скопје 40, Гостивар 18, Тетово 13, Струга 4.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908.

OhridNews