Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи со КОВИД-19 и 61 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се осум реинфекции.
Од новозаболените 55 случаи од Скопје се 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1
Од 61 оздравен пациент од Скопје се 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
OhridNews