На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во изминатото деноноќие се прегледани 56 пациенти, од кои осум се хоспитализирани. На сите им се земени брисеви за анализа и дадена им е соодветна терапија. Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 20 лица, од кои шест случаи се со полесна форма на пневмонија.
Во текот на денешниот ден редовна средба имаше и Комисијата за пандемски грип, на која присуствуваа и експерти и епидемиолози од други институции, кои веќе имаат претходно искуство со преземање активности за сузбивање пандемии. Комисијата констатирала дека сите досега преземени активности, како и идни мерки за заштита се во согласност со оперативниот план и се во рамки на вообичаени и препорачани мерки за можна епидемија.