Нови 530 случаи со КОВИД-19, 538 оздравени и 26 починати лица, се регистрирани во последните 24 часа, а направени 1999 тестирања.
Како што соопшти Министерството за здравство, од новозаразените во Скопје се 229, во Куманово 37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.
Според Институтот за јавно здравје, оздравеле од Скопје 259 пациенти.
Од починатите 26 лица, седум се од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83), еден од Куманово (69), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71), еден од Тетово (53), три од Струга (56, 84 и 81), двајца пациенти од Битола (62 и 74), тројца од Охрид (66, 65 и 79), двајца од Гостивар (68 и 82), двајца од Струмица (74 и 62) и еден пациент од Делчево (56). Пациентите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 599 активни случаи, а во Струга 357.
OhridNews