Во последните 24 часа, во земјава се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи со Ковид 19 од кои 49 во Охрид. Најмногу нови и денеска има во главниот град Скопје-507, по кој следат Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.

Починати се 28 пациенти, од кои седум од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти, 36 од Охрид и 29 од Струга.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1870, а активни се 567. Во Струга во истиот период регистрирани се 1669 случаи, а активни се 453.

OhridNews