Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 19, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, Прилеп, Струмица и Валандово – по 2, Велес и Гостивар по – 1.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 5, Куманово и Струмица – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 359, од кои 6 во Охрид..
OhridNews