Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи со Ковид-19. Најмногу случаи се регистрирани во Скопје – 672, по што следат Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати пациенти на возраст од 35 до 82 години од кои седум од Скопје, пет од Кавадарци, четири од Прилеп, двајца од Гевгелија и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Изминатото деноноќие регистрирани се 413 оздравени пациенти.

Во моментов во Охрид има 553 активни случаи, а во Струга 162.

Г.М.