Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември. Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Во моментов во Охрид има 376 активни случаи со Ковид 19, а во Струга 165.
OhridNews